Цели 13 години, помеѓу 1920 и 1933 година, алкохолот беше забранет во САД, „благодарение“ на едно нешто наречено Прохибиција. Можеби не изгледа како добар историски период за навраќање, но на 85-годишнината од укинувањето на прохибицијата (5 декември), алкохолните брендови Budweiser и Jim Beam се одлучија да го одбележат крајот на тој „темен“ историски период со рекламна кампања насловена „Денот на укинувањето“.
Budweiser смисли итар план како, покрај потрошувачите, да ги вклучи и останатите алкохолни брендови во одбележувањето на денот. Брендот се одлучи да постави повеќе дигитални билборди пред седиштата на своите конкуренти, вклучувајќи ги компаниите Sam Adams, Miller, Yuengling и Heineken.
Но, рекламите не се во никој случај малициозни и Budweiser воопшто немаше таква намера. Целта беше да се повикаат другите брендови да се започне традиција на одбележување на овој значен ден за индустријата на алкохолни појалоци.
„Долги 13 години, прохибицијата ги оневозможуваше Американците да уживаат во своите омилени алкохолни пијалоци. Почнувајќи од оваа година, секој 5 декември, ќе ги собиреме производителите, пријателите и уживателите заедно да го прославиме нашето право да пиеме,“ изјави потпретседателот на Budweiser, Моника Рустги за Adweek, по повод лансирањето на кампањата.
Секој од билбордите е персонализиран кон соодветниот конкурентски бренд. На пример, рекламата пред седиштето на Heineken гласи: „Драги Heineken, земето го вашето „хајни“ и се гледаме во барот на 5 декември – Денот на укинувањето. Наздравје, Bud“
Како стари брендови во американската историја, Budweiser и Jim Beam директно биле погодени од последиците од прохибицијата, при што мораа да запрат со производството на нивните главни производи во тоа време. Но, и покрај тоа, тие опстоиле. Budweiser, на пример, успеал да ги оддржи своите врати отворени и да ги заштити своите работници, трпеливо чекајќи го крајот на забраната за алкохол, преку производство на неалкохолни производи како сапун, сладолед и слично.
Budweiser и Jim Beam исто така ги повикаа другите брендови да ги завршат своите работни денови во 17:32 часот – точното време кога бил укинат законот за прохибицијата. На денот, камионите на Budweiser ги преплавија улиците на Њујорк со цел да дистрибуираат пиво до минувачите.