Бугарската комуникациска групација All Channels, која пред само една недела ја доби наградата „Медиска агенција на годината“ на локалниот адвертајзинг фестивал ФАРА, најави промени во раководната структура.
Агенцијата отсега ќе функционира со тројца креативни директори, и тоа: Бојан Петров, Марија Харизанова и Виктор Мачев, кои веќе со години се дел од компанијата.
Емилија Стефанова, која досега ја извршуваше функцијата извршен директор на All Channels Advertising и под чие раководство агенцијата значително го разви својот бизнис, повеќе нема да биде дел од компанијата.
Со групацијата ќе продолжат да раководат тројцата сопственици Александар Дурчев, Николај Бојков и Марија Славоваа, а во соопштение до медиумите истакнуваат дека целта на овие промени е повеќе да не бидат само даватели на услуги, туку партнер на своите клиенти.