За прв пат во бугарскиот етер, телевизијата bTV направи целосно интервју во „метаверзумот“.
Харизматичната водителка Натали Трифонова, за новата епизода на емисијата „Гејмер“, разговараше со Адам Рајноха, еден од основачите на виртуелниот свет Somnium Space.
„Интервјуто е прво од ваков вид за бугарскиот, а веројатно и за светскиот етер, бидејќи и водителот и гостинот се наоѓаат во метаверзумо“ – посочуваат од телевизијата bTV.
„Во моментов метаверзумот изгледа како грда игра од пред 15-20 години, но она што се очекува со време е да биде поубав од реалниот живот“, вели водителката Натали Трифонова, која за интервјуто доби специјален виртуелен аватар според нејзиниот изглед.
„Таму ќе можете да правите што сакате, да бидете што сакате“, додава водителката.
Погледнете дел од интервјуто на следниот линк.