Брендот за брза храна Burger King го најави своето повторно отворање на белгискиот пазар на 9 јуни, откако рестораните беа затворени поради пандемијата. Начинот на кој тоа го стори Burger King е преку постер-кампања со која ги повикува потрошувачите да си ги земат назад работите кои ги заборавиле во локалите на брендот, пред нивното затворање.
Постерите прикажуваат најразличните предмети како играчки, ранци, телефони, па и роденденски балони. Меѓутоа, она што најмногу го привлекува вниманието е една капа со логото на лутиот конкурент McDonald’s, сугерирајќи дека дури и вработените во McDonald’s го преферираат Burger King.
Според брендот, се работи за вистинска случка, односно капата била оставена во ресторанот во населбата Иксел во главниот град Брисел, точно на 16 октомври 2020 година. Може да се претпостави дека оваа капа е всушност инспирацијата за целата кампања.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Buzzman.