Бреднот за брза храна Burger King се одлучи за провокативен пристап во својата годинешна празнична кампања за британскиот пазар, која го носи насловот “Hijacking Christmas” („Неовластено преземање на Божиќ“).
View this post on Instagram
Кампањата беше најавена со постер кој ги прикажува Дедо Мраз како јаде сендвич во Burger King, со натписот “Whoppers” кој има две значења: од една страна алудира на најпопуларниот хамбургер на брендот, а од друга страна во англискиот јазик означува „преувеличена приказна“.
Потоа брендот објави и реинтерпретација на класичната Божиќна песна “Driving Home for Christmas”, препеана како “Driving (Thru The) Home (Of The Whopper) For Christmas”. „Доколку се возите накај дома за Божиќ и треба да ставите храна во вашите усти, нашите дравј-тру локали се отворени за бизнис“ – се вели во песната, која што ќе биде емитувана на локалните британски радио-станици.
Останува да следиме какви други субверзивни дејства во однос на препознатливите Божиќни симболи имаат планирано и подготвено од Burger King. Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција BBH, која сакала да се оттргне од предвидливите клишеа на традиционалното Божиќно огласување на кои што се потпираат повеќето брендови.