Брендот за брза храна Burger King го слави појадокот како „најважниот оброк во ноќта“, превртувајќи ја добро познатата фраза во новата принт кампања за латиноамериканскиот пазар создадена во соработка со агенцијата David New York.
Промовирајќи го своето утринско мени, брендот им се обраќа на разновидна група на „ноќни птици“, од посетители на музички фестивали до гости на свадби, кои ги обединува гладот во шест часот наутро.
„Во адвертајзингот, илјада пати сме слушнале дека појадокот е важен почеток на денот. Она што не сме го слушнале до сега е дека тоа може да биде и најдобар начин да се заврши денот – нешто што природно се случува во многу ресторани на Burger King низ светот кога сонцето ќе изгрее“ – вели Андре Толедо, генерален креативен директор на агенцијата David New York.
Кампањата се реализира на пазарите во Мексико, Костарика, Доминиканската Република и Колумбија.