Третата сезона од играната серија “Stranger Things” во продукција на Netflix ќе биде објавена на 4 јули, а брендовите веќе се вклучија во партнерска промоција. Откако Coca-Cola го „воскресна“ пијалокот New Coke од 1980-те, Burger King го претстави својот нов тематски хамбургер – „Превртениот Whooper“.
Производот секако алудира на мрачниот превртен свет во серијата, што може да Ви ја понесе фантазијата дека бургерот е покриен во радиоактивна лигава материја. Но, во реалност, бургерот е само она што го кажува името – Whooper које е сервиран наопаку. Барем доаѓа во „Stranger Things“ тематска кутија.
Брендот за брза храна ја најави промоцијата преку видео реклама инспирирана од почетната шпица на серијата, со истата светлечка, црвена типографија и морничава музика. Новиот „Превртен Whooper“ ќе биде достапен во поголемите американски градови почнувајќи од 21 јуни, а некои ресторани ќе имаат и „Stranger Things“ кечап, круни, маици и значки.