Burger King никогаш не пропушта да истакне дека нивниот бренд е „кралски“ и не е за „кловнови“. Кога принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл објавнија дека го напуштаат британското кралско семејство во потрага по „финансиска независност“, Buger King застана на нивна страна.
Брендот за брза храна се здружи со аргентинската адвертајзинг агенција HOY за да создадат принт кампања во која својата „круна“ ја нудат на Војводата од Сасекс, кој е во потрага по нова работа, како и на неговата војвотка: „Драги Војводи, доколку барате работа, ние имаме нова круна за вас!“
Во пропратното „писмо“ на кампања тие објаснуваат: „Откривме дека Принцот и Војвотката одлучиле да ги напуштат своите улоги во кралското семејство и да се вработат со цел да бидат финансиски независни. Па, ние имаме предлог за вас: постапете како илијадници луѓе и направете ги првите чекори работејќи за нас. Вие знаете дека круната ќе ви одговара совршено. Исто така, после толку години живеење како војводи, редно е да започнете да јадете како кралеви.“
На крајот од писмото е поставен код кој доколку се скенира со мобилен уред ќе Ве однесе на веб-страницата за вработување во Burger King.
Burger King во Обединетото Кралство сподели слична порака кога првпат беше објавено повлекувањето на парот од своите кралски улоги, објавувајќи на Твитер дека: „Вие сѐ уште може да јадете како кралеви со нас, Хари.“