Во новото продолжение на кампањата „Lockdown Whopper“, брендот за брза храна Burger King во Бразил ќе ги охрабрува луѓето да останат дома колку што е можно повеќе за време на пандемијата.
Кампањата е создадена со помош на агенциите DAVID São Paulo и DAVID Miami и во суштина се работи за трансформација на мобилната апликација на брендот во алатка за следење на социјалното дистанцирање преку употребата на гео-локациски систем.
Корисниците ќе имаат можност да изберат дали сакаат нивните движења да бидат следени преку апликацијата, со цел потоа да бидат наградени. Вредноста на наградите правопропорционално ќе расте со седењето дома. Наградите ќе се движат од обични закуски, па сé до ваучери за бесплатни оброци.