Напоредно со лансирањето на понудата на луксузни гурмански сендвичи (“Gourmet Kings”) за британскиот пазар, брендот за брза храна Burger King лансира и специјална „хавајска“ кошула за неуредните јадачи да ги камуфлираат дамките од сосови.
Свилената кошула е осмислена од модната дизајнерка Кејт Ири и ги прикажува измешаните состојки кои влегуваат во сендвичите на Burger King, како домати, салата, топен кашкавал, разни сосови, сланина итн.
За кампањата насловена “The Fall Collection” („Есенската колекција“) е изработена лимитирана серија од 100 вакви кошули, кои ќе бидат доделувани како награди по случаен избор за секој кој ќе нарачува од гурманските сендвичи на Burger King преку соодветната мобилна апликација на брендот.
Кампањата е создаден со помош на креативната агенција BBH.
По повод нејзиното лансирање, креативниот директор на агенцијата, Фелипе Гимараеш, изјави: „Сакавме да направиме нешто за Burger King што би се вклопило во нивната култура, со тон специфичен само за нив. Создавањето на лимитирана серија на свилени кошули кои ги кријат неизбежните дамки од најновите сендвичи се чинеше како совршена идеја. Не само што таа е малку луда, туку и нејзиното третирање со истото ниво на занаетчиство и тон на високо моден бренд го направи целиот проект да биде драгоцениот камен каков што го имаме денес“.