Burger King му понуди на својот ривал McDonals’s можност да го одбележат овогодинешниот Светски ден на мирот, така што ќе го направат заедничкиот ‘McWhooper’ сендвич.
Комбинацијата на Burger King-овиот Whooper и Big Mac на McDonald’s би била создадена со состојки од двата бредна за да ја подигнат свеста за денот на глобалното единство на 21 септември.
Burger King предложи да создадат наменски-изграден ресторан во Атланта, Џорџија во САД, на пола пат од седиштата на двете компании.
Фернандо Мачадо, SVP за глобален бренд менаџмент на Burger King, изјави: ”Нашиот предлог е смислен да генерира многу внимание и свест за Денот на Мирот и за работата на непрофитната организација Peace One Day.”
“Целосно сме транспарентни со нашиот предлог бидејќи сакаме да го сфатат сериозно. Би било одлично ако McDonald’s се согласи на ова. Ајде да направиме историја и многу бука за Денот на Мирот.”
“Ако речат не, се надеваме дека, во најдобар случај, ќе ја собериме толку потребната финансиска поддршка и свест за големата кауза на Peace One Day. И двете се вредни на трудот.”
Стив Истербрук, Генералниот директор на McDonald’s, објави млак одговор на Фејсбук страната на компанијата.
Тој рече: ”Ни се допадна намерата, но мислиме дака нашите два бренда можат да направат нешто поголемо за да направат разлика. Ние се посветуваме на подигнувањето на свеста во светот, можеби ќе ни се придружите во еден значителен глобален напор?”
“И секој ден, да даваме до знаење дека помеѓу нас постои едноставна пријателска бизнис конкурентност и сигурно не неспоредливите околности на вистинската болка и страдање на војната.”
“Ќе бидеме во контакт. Стив, CEO на McDonald’s. P.S. Обичен телефонски повик ќе биде доволен следниот пат.”
Непрофитната организација Peace One Day е клучен поборник за Меѓународниот ден на мирот.
Џереми Гили, основачот на Денот на мирот, истакна: “Овој предлог од Burger King го претставува корпоративниот сектор во своето најдобро издание. Здружувајќи се, оставајќи ги своите разлики настрана и велејќи ‘ајде, ајде да направиме нешто за да манифестираме еден помирен, поодржлив свет.’”