Бидејќи желбата за Whopper е неиздржлива, за овај први април, Бургер Кинг во Белгија на фановите им овозможи наједноставни нарачки
Откако се отворија во Белгија, рестораните на Бургер Кинг во земјата се преполни, но редовите во рестораните не се баш пријатни, па Бургер Кинг и нивната агенција Buzzman дошле до идеја како да се прават нарачките на што побрз и полесен начин .
За да се задоволат сите фанови кои не сакаат да чекаат, брендот сака да започне амбициозна услуга наречена Whopper Easy Order, ексклузивна услуга преку која фановите ќе можат да нарачуваат од удобноста на својот дом.
Сигурно помисливте дека направиле апликација, зарем не? Но, ланецот за брза храна оди чекор понапред и им инсталира вистински киосци за нарачување за во дневна соба, спална соба, па дури и во тоалетот на своите фанови.
Се разбира, се работи за првоаприлска шега, што не е изненадувачки, бидејќи брендот со својот маркетинг досега се покажа како исклучително духовит, особено во последно време. Ова не беше единствената шега што брендот ја подготви за први април, така што во Америка најавија нов производ, чоколаден Whopper.