На овој начин, брендот сакаше да им оддаде почит на своите работници од првата линија и да поддржи повеќе перуански претприемачи
“Здраво. Ми треба ручек за ресторанот Бургер Кинг“. Овој повик звучи изненадувачки за сите, а токму тоа се случува во главниот град на Перу благодарение на кампањата “Delivery to Burger King“, идеја која за овај бренд ја разви агенцијата McCann Worldgroup Lima. Кампањата се состои од нарачување услуги за достава на храна до рестораните на Бургер Кинг од неколку локални претприемачи кои се занимаваат со иста дејност.
Секој работник од Бургер Кинг имал можност да нарача оброк од локалните ресторани, а вкупно 20 од нив извршиле 400 испораки.
Со ова, ланецот ресторани им оддаде признание на стотици свои работници кои работат на првите линии, а покрај тоа, поддржа повеќе мали и средни компании од локалната заедница со желба да им помогне да се справат со кризата предизвикана од Ковид-19.
Милуска Хименес Еспиноза, бренд менаџер во Бургер Кинг, изјави: „Свесни сме дека солидарноста е клучот за напредокот на земјата, дека мора да ги одржуваме во живот нејзините кулинарски задоволства, особено меѓу нашите соработници кои се наши херои од првите редови на фронтот. Благодарение на нив, нашата скара сè уште е запалена и ги пече најдобрите бургери за сите Перуанци “.
„Бургер Кинг е значаен бренд во животот на Перуанците и за да ја зајакнеме таа врска, баравме идеја што ќе и овозможи на компанијата да ја покаже својата посветеност кон локалната економија со вреднување на оние кои делат една од нејзините главни карактеристики – свежа храна“, изјави Кристијан Калдвел, главен креативен директор на агенцијата McCann Lima.