Брендот за брза храна Burger King лансираше нова кампања за францускиот пазар во која „открива“ што навистина си кажуваат фудбалерите, тренерите и судиите кога ја покриваат устата за да не можеме да им ги прочитаме усните.
Се работи за четири кратки спотови кои ќе се емитуваат за време на натпреварите од француската Прва лига, внесувајќи малку хумор во сериозната натпреварувачка атмосфера меѓу навивачите.
Како што може да се очекува, брендот ја врти работата на „својата воденица“, предлагајќи дека фудбалерите и фудбалските работници си разменуваат нарачки за Burger King, негодуваат за погрешни нарачки, се договараат да јадат заедно или пак се натегаат кој кого ќе почести по натпреварот.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Buzzman од Париз.