Минатата недела, уметникот Маурицио Кателан го откри своето најново дело на саемот за уметност Art Basel во Мајами – банана залепена на ѕид, проценувајќи го на 120,000 долари. Подоцна, друг уметник по име Дејвид Датуна, отиде на саемот и ја изеде бананата под превезот на „уметнички перформанс“.
Секогаш агилните маркетери во Burger King ја здогледаа можноста да се вмешааат во овој уметнички дуел со свое дело – парче помфрит залепено на ѕид, за кое поставија цена од само 1 цент изразена во евра.
Ова е уште една кампањата со хумористичен предзнак која Burger King ја разви со помош на агенцијата Buzzman, слично на претходна кампања исполнета со намерни печатни грешки и уште една неодамнешна кампања со насочни знаци кои водат до локации кои не постојат.