Burger King можеби е и прв бренд во историјата на рестораните кој нуди тематски оброк за возрасни за Св. Валентин во своите ресторани во Израел.
Секој добро е запознат дека детските оброци во овој ланец на ресторани доаѓаат во пар со играчка, но кај овој тип на оброк има еден мал пресврт- играчката во овој оброк е ‘’безобразна’’. Оброкот за возрасни е достапен за потрошувачи постари од 18 години и во себе содржи два ‘’Whoppers’’, два помфрита, две пива и една романтична играчка за возрасни.
Промотивниот дел е дело на Leo Burnett Israel, агенцијата која го креираше промотивното видео:
Од самото видео може да се види дека како ‘’играчка -изненадување’’ со овој оброк може да се добие свилена маска за спиење, пердувест дастер …
Оваа кампања веќе добива големо внимание на социјалните медиуми, а корисниците на Twitter имаат поделено мислење во однос на тоа дали им се допаѓа или не:
