Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions го именуваше Samsung Electronics за “Креативен огласувач на годината“ за 2016 год.
Претседателот на Lions Festivals Terry Savage по повод оваа пригода изјави: “Кога ќе ги погледнете победите на Samsung на Cannes Lions фестивалот, макар само и во последната година, она што паѓа во очи е разноликоста на Lions награди кои успеале да ги освојат – благодарение на нивната посветеност кон креативноста. Брилјираат во сите сектори, вклучувајќи и делови како што се комуникациите во здравството, брендираната содржина а имаат освоено и титаниумски лав.“
Минатата година, Samsung однесе 27 лавови, додека во својата историја на учества на фестивалот има освоено дури 74 лавови за проекти во 17 земји.
“Цел на оваа награда (се мисли на Креативен огласувач на годината) е да ги препознае брендовите кои се разликуваат по квалитетот на своите комуникации, а тоа е нешто што Samsung континуирано го чини. Тие инспирираат со иновативниот маркетинг за своите производи и ги охрабруваат своите агенции да ја “држат“ креативноста во сржта на маркетинг комуникациите“.
Samsung многу умешно го препознава влијанието кое нивните технологии го имаат на животот на потрошувачите, па така својот маркетинг пристап го префрлија на стратегија усмерена кон потрошувачите. Оваа филозофија “значаен напредок преку збогатување на животото на потрошувачите“ е присутна преку многу креативни кампањи ширум светот, меѓу кои се и наградувани со лавови – кампањите како што се “Oscar Selfie“, “Every day is Day One”, “Safety Truck” итн..кои се дел и од овој текст :)