Cannes Lions вчера ја претстави платформата Lions Live под мотото “Креативноста е важна” како ново едукациско, инспиративно и нетворкинг искуство што ќе им биде достапно на адвертајзинг и креативната заедница од почетокот на Јуни.
Lions Live: Creativity Matters ќе вклучува мастеркласови и видео разговори со врвните креативни лидери, часови и работилници од експерти, говори од спикери на фестивалот и селекција од највлијателните професионални модули од светот на креативноста, ефикасноста и маркетингот. Платформата ќе вклучува и дел насловен како Future Gazers – збирка на идеи за тоа како индустријата се трансформира и како брендовите треба да пристапат кон фестивалите во светло на пандемијата од Ковид вирусот. Исто така ќе вклучува и збирка од стотици “одговори” на кризата од глобалната креативна заедница.
Пристапот кон Lions Live ќе биде бесплатен за сите.
Дополнително за време на оригиналните Cannes денови (кои требаше да бидат од 22 до 26 јуни), ќе биде овозможен и бесплатен преглед на архивата од The Work, која е на претплатничка база и содржи над 200,000 Lions кампањи и 1600 говори/предавања како и специјално селектираните говори од 42courses.com каде се наоѓаат некои од најлегендарните предавачи и предавања на теми како Креативна ефикасност, Односи на потрошувачите и Дигитален Маркетинг.
Симон Кук, Managing Director на Cannes Lions изјави “Со желба да оствариме прогрес преку креативноста, и да ја поддржиме нашата заедница во овие тешки времиња, ние сакаме на глобалната индустрија да и понудиме можност да учи и да се вмрежува и овој Јуни, кога за жал за прв пат после 70 години нема да бидеме во можност да ја донесеме целата индустрија на една физичка локација”