Home » Во фокусот » Cannes Lions најави големи промени за 2018 година

Cannes Lions најави големи промени за 2018 година

Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions ги послуша сугестиите од индустријата и целосно ги измени плановите за фестивалот во 2018 година, го скрати траењето на фестивалот, ја намали цената и ги поедностави категориите.

Промените доаѓаат како одговор на притисоците од огласувачката индустрија, а особено од страна на Publicis Groupe, кој најави дека ќе паузира на следниот фестивал, додека WPP предупреди дека би можеле да го следат примерот на Publicis. Во светло на најавените промени, Publicis Groupe најави дека ќе се врати на Cannes Lions 2019 година.

Подолу погледнете кои промени се најавени за Cannes Lions 2018:

– Скратено траење на фестивалот – фестивалот ќе трае само 5 денови (од понеделник 18 јуни до петок 22 јуни),  што е значи дека фестивалот ќе трае пократко одколку претходните години кога траеше 8 денови

– Поефтина котизација – цената за „Complete Pass“, која на учесниците им овозможува пристап на целиот фестивал,  ќе се намали за 900 евра (од 4.135 евра на 3.249 евра)

– Нова структура на награди –  во рамките на која фестивалот ќе  отвори „линии“ во кои наградите ќе можат да се групираат. Овие линии вклучуваат: досег, комуникации, умешност, искуство, иновации, влијание и добро. Исто така ќе се ажурира и системот за распределба на поените.

– Промена во одредени категории – ќе бидат укинати три категории (Cyber, Integrated and Promo & Activation), додека ќе бидат додадени 4 нови категории (Creative E-commerce, Social & Influencer, Industry Craft и Sustainable Development Goals)

– Помал број на поткатегории – ќе бидат отстранети 20% од поткатегориите на полето на сите награди, односно повеќе од 120 поткатегории, вклучувајќи ги сите „Integrated“ поткатегории

– Ограничен број на пријави – една кампања ќе може да се пријави во 6 категории, додека порано една кампања можеше да биде пријавена во неограничен број на категории. На овај начин се сака да се избегне ситуацијата на доминација на една кампања на цел фестивал

– Се менува системот за бодување

– Lions Entertainment и Lions Innovation ќе бидат интегрирани во главниот дел на фестивалот

– Посебни цени за хотелско сместување – сите хотели во градот, ќе ги замрзнат цените за 2018 година, кога собите се резервираат преку официјалните фестивалски понуди.

Најавените промени се поздравени од целата огласувачка индустрија, при што се верува дека сега фестивалот ќе биде поправеден, попристапен и порелевантен.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365