Cannes Lions, најголемиот светски настан посветен на индустријата на креативни комуникации, соопшти дека потпиша партнерство со мултинационалната компанија за бизнис услуги Deloitte во насока на подобрување на еколошката одржливост на фестивалот.
„Климатските промени претставуваат глобална криза, а маркетерите и огласувачите имаат уникатна позиција за подигнување на свеста и поттикнување на акција како што другите не можат. Cannes Lions платтформа која ги обединува најдобрите креативни умови во светот и ги поттикнува да ја прифатат одржливоста со цел да се обезбеди подобра иднина за нашиот свет. Ние одиме еден чекор понатаму од само подигнување на веста до организирање на дискусии кои ќе создаваат конкретни акции во нашата индустрија. Ние сме среќни што ќе соработуваме со Deloitte Digital во насока на подигнување на свеста за нашата лична улога во намалуваето на импактот врз климатските промени,“ истакна претседателот на Cannes Lions, Филип Томас.
Како прв чекор за овогодишното издание на фестивалот, Deloitte ќе обезбеди Closca стаклени шишиња за вода за сите учесници на Cannes Lions со ексклузивен дизајн без видливо брендирање, со цел да го поттикне нивното користење на долг рок после завршувањето на фестивалот. Според проценките, овој чекор ќе го заштити океанот од 150,000 пластични шишиња за една употреба, значително намалувајќи ги емисиите на стакленички гасови кои се ослободуваат при распаѓањето на пластичните шишиња.
Станици за полнење на стаклените шишиња со вода ќе бидат поставени низ избраните фестивалски локации, а учесниците ќе можат лесно да ја најдат најблиската станица преку мобилната апликација на Closca. Учесниците исто така се охрабруваат да споделуваат релевантни фотографии, видеа и приказни на социјалните медиуми со хаштагот #mylastplasticbottle.
Понатаму, торбите за учесниците на фестивалот ќе бидат целосно изработени од биоразградливи материјали и ќе им бидат доделени без никакви хартиени материјали внатре. На фестивалот ќе бидат употребувани чаши и картони за вода изработени од рециклирана хартија. Онаа пластика кој пак ќе биде употребена, потоа ќе се рециклира од страна на хотелот Carlton, кој има Green Globe сетификат веќе осум години. Фестивалот соработува и со градот Кан со цел еколошките иницијативи кои ги превзема градот да бидат инкорпорирани и во рамки на Фестивалот.
Со цел да се обезбеди соодветен простор за дискутирање на влијанието од климатските промени и решенијата за целите за одржлив развој, Deloitte Digital се здружи со SAP, Qualtrics, Freuds и Project Everyone, со цел да ја изградат „The Goals House“. Се работи за локација изградена од природни и биоразградливи материјали која ќе послужи како место за состануање на лидерите во Кан да дискутираат на теми поврзани со одржливиот развој.
„Deloitte и сите поддржувачи на The Goals House веруваат дека креативната заедница има уникатна можност да го искористи својот колективен глас за обезбедување на подобра иднина. The Goals House е средина ослободена од логоа каде индустријата може да се состанува со цел да ја фокусираат својата креативна моќ да се поддржат глобалните цели за оддржливост,“ истакна Алисија Хач, генерален маркетинг директор на Deloitte Digital.
Овогодишната иницијатива доаѓа една година откако фестивалот ја претстави наградата Sustainable Development Goals Lions (SDG), со која се наградуваат кампањи кои ја искористуваат креативноста за да имаат позитивен импакт врз свето. Пријавените кампањи во категоријата мора да демонстрираат како тие придонесуваат кон Агендата за оддржлив развој до 2030 година на Обединетите Нации. Фестивалот ги донираше финансиите од пријавените кампањи на победникот Palau Pledge , со цел негова поддршка за понатамошен развој и имплементација на проектот. Овогодишниот победник ќе биде прогласен на 21 јуни на завршната наградна церемонија на Фестивалот.
Овогодишните учесниците во Young Lions натпреварот исто така ќе имаат задача да решаваат предизвици поврзани со целите за одржлив развој. Дополнително, второто издание на Хакатонот на Cannes Lions, „Промена за подобро“, ќе биде реализиран во соработка со Earth Day Network и глобалната научна иницијативе Earth Challenge 2020. Креативците и технолозите од ширум светот се повикани да се соочат со најголемите еколошки проблеми со кои се соочува светот: квалитет на воздух, квалитет на вода, биодиверзитет, загадување и човечко здравје. Победничката идеја ќе биде финансирана од Amazon за реализација на предвидените идеи.
На Фестивалот ќе можат да се слушнат и некои од најпочитуваните експерти во светот кога е во прашање одржливиот развој, како што се: Дејвид М. Бизли, извршен директор на World Food Programme; Ливија Фирт, соосновач и кретивен директор на Eco-Age и основач на Green Carpet Challenge; и Џон Совен, извршен директор на Greenpeace UK. Додека пак брендовите P&G, Mars Inc. и The Body Shop ќе истражуваат како брендовите можат да бидат движечка сила за подобра иднина.
Повеќе информации за активнстите кои Cannes Lions ги превзема и ги поттикнува во насока на одржливиот развој можете да прочитате на следниот линк: www.canneslions.com/about/good.