Фестивалот Cannes Lions воведе нова посебна награда на листата – Креативен бренд на годината, со која од оваа година ќе ги награди индивидуалните брендови, а со тоа и нивните партнерски агенции, кои се во колективна мисија за зајакнување на деловните резултати преку креативност. Првиот добитник на оваа награда ќе биде брендот кој ќе собере најмногу поени од листата и ќе освои награди на Cannes Lions 2019 година.
Симон Кук, директор на Кан Лајонс, изјави: “Наградата за креативен бренд на годината е дизајнирана да ги препознае креативните ризици што некои брендови ги преземаат за да го истакнат нивниот производ во различни региони низ целиот свет. Тоа е можност да се прослави храброста и напредното размислување како на индивидуалниот бренд, така и на агенциите кои работат директно на тој бренд, создавајќи креативни идеи “.
Брендовите кои ќе се најдат во категориите Brand/Client или Product/Service на сите листи или на листите на победничките кампањи ќе добијат соодветен број поени според брилијантноста на освоените награди на фестивалот.
Наградата за најкреативниот бренд на годината 2019 ќе биде доделена на церемонијата на доделување на наградите на 21-ви јуни.