Познатата манекенка Кара Делевин повторно започна да го освојува модниот свет откако кратко време се посвети на актерската кариера, па после појавувањето во новата кампања на брендот Burberry, сега ќе ја застапува и новата колекција на модната куќа Jimmy Choo.
“Оваа сезона не се работи само за изгледот туку и за многубројните опции кои жените можат да ги земат во предвид кога се работи за вечерните стајлинзи – но со забавен дух. Фотографиите и спотот заедно, совршено го опишуваат чувството на исчекување и енергија кои ги носи ноќта. За нас е важно да ја претставиме забавната страна на бреднот и да направиме голема прослава”, изјави Сандра Чои, креативната директорка на модната куќа.
Кара ги претстави креациите во празничен дух трансформирајќи се во вистинска диско кралица. Генерално кампањата е инспирирана од стилот на ’70-тите, Погледнете како сето тоа изгледа…