Home » Во фокусот » Кара Делевин како диско кралица во новата реклама на Jimmy Choo

Кара Делевин како диско кралица во новата реклама на Jimmy Choo

Познатата манекенка Кара Делевин повторно започна да го освојува модниот свет откако кратко време се посвети на актерската кариера, па после појавувањето во новата кампања на брендот Burberry, сега ќе ја застапува и новата колекција на модната куќа Jimmy Choo.

“Оваа сезона не се работи само за изгледот туку и за многубројните опции кои жените можат да ги земат во предвид кога се работи за вечерните стајлинзи – но со забавен дух. Фотографиите и спотот заедно, совршено го опишуваат чувството на исчекување и енергија кои ги носи ноќта. За нас е важно да ја претставиме забавната страна на бреднот и да направиме голема прослава”, изјави Сандра Чои, креативната директорка на модната куќа.

Кара ги претстави креациите во празничен дух трансформирајќи се во вистинска диско кралица. Генерално кампањата е инспирирана од стилот на ’70-тите, Погледнете како сето тоа изгледа…

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365