Данската пивара е првата во светот која следната година ќе започне со производство на шишиња за пиво направени целосно од картон.
Целта на Карлсберг е да се намали количината отпад, а облогата на шишето, односно картонот и капачето се целосно биоразградливи и не се штетни.
Освен тоа, компанијата планира и да воведе систем за прибирање на шишињата за еднократна употреба, каков што веќе постои за лименките.
На почетокот, во фазата на тестирање, ќе се произведат меѓу 10.000 и 20.000 шишиња и доколку пакувањето се покаже успешно, се планира користење на вакво пакување и за вода, млеко и за друга течна храна.