Една од најпрепознатливите, најценетите и најуспешните компании во Србија, Carnex, го прославува својот 60-ти роденден, а McCann Белград беше задолжен за креирање на комуникацијата која ќе ја пренесе благодарноста на брендот на потрошувачите и ќе потсети на емоциите кои не` врзуваат за моментите на уживање во производите на Carnex.
“Веќе 60 години, Carnex е посветен на квалитетот и грижата за најважните – потрошувачите. Овој јубилеј за нас ја означува основата, зрелоста и огромното искуство што нè водат кон иновации, нови простори и освојувања. Горди сме на водечката позиција што ја имаме, но исто така сме свесни за одговорноста што оваа позиција ја носи со себе. Не сакавме роденденската кампања само да го покаже развојот на Carnex со текот на времето, туку да го покаже своето значење во животот на потрошувачите. Не` инспирираше едно од најчестите прашања кое го паметиме од најраното детство, а кое е најексплицитниот израз на грижата на мајката – дали јадеше или дали си гладен. Ова прашање ги “мачи” мајките во сите времиња, во сите простори, а генерациите на Carnex имаат одговор на тоа”, изјавија Оливера Папестијевиќ и Тијана Каталиниќ, задолжени за маркетинг и стратешко позиционирање во Carnex.
„Предизвикот беше да се каже нешто ново, различно и да остави белег во годината на јубилеј. Најискрени емоции се оние кои се скриени во нас, така што инспирација пронајдов во прашањето кое ми недостига, а колку што сум постар се`повеќе го разбирам, бидејќи и јас денес истото го прашувам моето дете”, вели идејниот творец Милош Пуновиќ, copywriter, во McCann Белград.
“Carnex е синоним за квалитет и традиционален бренд кој е на пазарот веќе 60 години, а во тој период стана синоним за многу категории. Предизвикот со кој се соочивме во текот на создавањето на кампањата беше како да ја избегнеме традиционалната комуникација во кампањата по повод овој голем јубилеј и како да “излеземе” од вообичаената естетика и наратив при вакви кампањи. Мислам дека го пронајдовме вистинскиот однос на традиционалното и современото, но низ призмата на потрошувачите преку ситуации во кои сите ние сме пораснале и успеавме да го претставиме значењето на Carnex во животот на сите потрошувачи, па и нас кои работевме на кампањата”, изјави Александар Милојевиќ, стратешки планер во McCann Белград.
“Убавината на големите брендови е што ги “замрзнуваат” емоциите и моментите во времето. Со оваа кампања сакавме сите да се сетат на прашањата што нашата мајка, без разлика дали е лута, тажна, исплашена, загрижена, прво не` прашуваше, бидејќи нејзината љубов е безусловна. На оваа љубов, Carnex веќе 60 години дава одговар и ќе биде одговор барем следните 60 години”, изјави Александра Брадиќ, акаунт менаџер во McCann Белград.