Доцна синоќа и утрово по македонско време се одржа овогодинешното доделување на најрелевантните филмски награди – ОСКАРИТЕ кои ги доделува Американската филмска академија (погледнете ги сите добитници ТУКА) а цената на рекламите за време на настанот забележаа историски највисоки 1,95 милиони долари за 30 секунди, што претставува речиси 8% поскапа цена отколку минатата година.
Според пресметките телевизискиот канал Еј Би Си (кој го поседува ексклузивното право да го емтува доделувањето на наградите на територијата на САД) ќе добие повеќе од 100 милиони долари од рекламите, кои се свртеа за време на 3-часовното шоу.
Церемонијата на доделување на наградите “Оскар“ минатата година била гледана од 45 милиони Американци а оваа година се пчекува нивниот број да има 2 милиони повеќе.
Сите актери и режисери кои не добија “Оскар” во главните категории, ќе се утешат со подарок кошница. Во секоја од нив ќе има по 80 изненадувања. Вкупната вредност на содржината на една кошница е 167 000 долари. Меѓу подароците има скапи вина, накит, луксузни одмори…