Туристичката компанија Expedia ја лансираше својата најнова кампања насловена “Nothing Beats Being There” („Нема ништо подобро од тоа да се биде таму“), во која главна ѕвезда е поранешната фудбалска легенда Цеск Фабрегас.
Иако бил дел од многу натпревари во европската Лига на шампионите како играч, Фабрегас го споделува своето чувство дека никогаш „навистина“ не бил дел од тој фудбалски спектакл, мислејќи на искуството на навивачите.
Тој раскажува како им завидува на фанови кои маршираат по улиците на разни европски градови, понекогаш знаејќи и да се загубат во некоја уличка. Тој жали што никогаш не почнал навивачка песна на трибините, ниту пак учествувал во шегобијно задевање со противничките играчи и навивачи.
Додека Фрабрегас сето ова го раскажува седнат на столче, видеото е „прошарано“ со колаж од навивачки снимки: од европските метрополи, плоштади, улици, пабови, ресторани и секако – стадиони!
„Горди сме што Expedia Live е официјален партнер на Лигата на шампионите на УЕФА и може да им овозможи на навивачите од целиот свет да патуваат и да откриваат нови градови, бидејќи нема ништо подобро од тоа да се биде таму. Патувањето за да гледа натпревар им овозможува на навивачите да искусат нови култури и да создаваат посебни спомени со пријателите и семејството кои ќе траат цел живот“ – истакнува Микеле Русо, виш потпретседател за глобални брендови во Expedia Group.