Уличното списание „Лице в лице“ и оваа година подготви новогодишни честитки со осум различни дизајни и димензии, со кои граѓаните ќе можат да им ја честитаат Новата 2016-та година на своите пријатели, соработници и на сите драги луѓе.
Дел од честитките се дела на ликовниот уметник Ване Костуранов („Snow Ride“, „Snowing“, „Warm Hug”, „Snow Play” ), а дел се на дизајнерот на „Лице в лице“ – Зоран Инадески, („Winter”, “The Dream of the city”, “New Year is coming”, “Christmas Love”).
Собраните средства од продажбата на честитките, ќе бидат наменети за програмите на „Лице в лице“ низ кои што поминуваат продавачите и за печатење нови изданија на списанието кое економски и социјално ги засилува маргинализираните лица.