Најдобрите места за поттикнување иновативност се сите оние кои се надвор од канцеларијата.
За да постигнат успех, бизнисите треба да бидат иновативни, а тоа бара креативно размислување. Поранешниот креативен директор, Џек Фостер кажал дека, идеите се “тркала кои водат до напредокот“, и предупредува дека без нив “стагнацијата царува“.
“Никогаш немало вакво време во историјата, кога идеите се толку вредни и потребни,” пишува во својата книга со наслов – #Како да добиеш идеи. “Живееме во време кога сме преплавени со информации, и во одредени моменти чувствуваме како да сме се удавиле во нив. Па потребен е голем потенцијал и нови идеи бидејќи пазарот така налага.“
Сето ова звучи добро. Но некогаш сме исцрпени и не ни оди баш од рака со идеите. За среќа, има начини како да добиеме повеќе идеи. Секако, кога сме надвор од канцеларија.
1.Додека се туширате
Многу добри идеи ни доаѓаат баш под туш, вели психологот Шерман (Paulette Kouffman Sherman), автор на “Книгата за светото купатило: 52 ритуали во бања за да го ревитализирате својот дух.”
“Различни истражувања покажаа дека зголемени се креативните резултати кај студентите, уметниците и писателите кога се во близина на вода. Тоа го потврдува сценаристот Далтон Трумбо кој творел додека бил во када, Агата Кристи која сакала да јаде јаболка додека лежи во вода во бања. Психологот Шерман открива дека нејзиниот дневен ритуал во бања вклучува медитација заради која успеала да напише дури 21 книга.
На многу креативни експерти им треба простор за инкубација пред творење, зошто тоа ги исфрла од нив грижите, блокадите, егото, самокритиката со што тие ги разбираат и остваруваат нивните повисоки цели.
2. Набљудување
Идеите се секаде околу вас. Тоа ќе го увидите ако си дадете време, застанете и погледнете, вели Тина Силиг, автор на книгата “Извади ги идеите од главата и покажи ги на светот“.
Во нејзиниот курс за креатинвост, иновативност и претприемништво на универзитетот во Станфорс, Силиг им дава задача на студентите да одат во локален шопинг центар и да ги разгледаат продажните места со “отворени очи“.
“Ние направивме детална анализа за нив : Дали е вратата отворена или затворена? Каков е фонтот на името на продавницата? Колку време е потребно за некој да дојде и да го поздрават? Колку се високи таваните? Од што се подовите направени? Која мелодија свири во позадина? Што мирисаат? ” изјави таа во интервју за компанијата . ” Внимавајте на светот со навистина голем фокус.”
Кога ќе се обрне внимание на малите нешта кои се околу вас, ќе станете способни да ги препознаете проблемите што може да се претворат во можности.
3. Денеска работете во кафуле
Во една студија спроведена на универзитетот во Британска Колумбија се одржаа бреинсторминг експерименти во три различни средини под влијание на бучава. Требаше да се утврди како бучавата делува на креативноста. Учесниците работеа во речиси бесшумни средини каде се регистрирани околу 50 децибели, гласна средина на 85 децибели , и средна бучава на 70 децибели.
Бучава во ниски и средни децибели на на луѓето кои работат во кафуле им поттикнува да бидат креативни во нивните работни задачи. Но кога истата е повисока тогаш тие излегуваат од комфорна зона и наместо да се дефокусираат почнуваат да размислуваат апстрактно што доведува до појава на креативни идеи, пишува автор за весник “Истражувања за потрошувачите“.
4. Пешачење
Марк Цукерберг (Mark Zuckerberg) е познат по неговите движечки средби низ компанијата Facebook. И со добра причина го прави тоа. Истражувањата покажаа зошто тој е чекор понапред од другите генерации. Истражувањата на Универзитетот во Стенфорд открија дека активностите кои ги правиме во движење ја зголемуваат нашата креативност и инспирација, без разлика дали сте надвор или во затворен простор.
Оваа студија инволвира експерименти кои се однесуваат на креативното размислување во 4 услови: движење во затворен простор, седење во затворен простор и гледање во празен ѕид, пешачење надвор, седење надвор. Истражуавањата измерија различно размислување кај учесниците, или можност за генерирање нови идеи. Нивоата за креативност и конзистентност беа далеку повисоки кај оние што се движеа за разлика од оние што седеа.
“Многу луѓе делумно тврдат дека тие го прават најдобро размислување при одење, вели во студијата коавторот Marily Oppezzo во интервју за Стенфорд Вести“. ” Ние не велиме дека одењето може да ве претвори во Микеланџело, но тоа може да ви помогне во фазите на креативност. “