Во тект е финалната серија на натпревари во најсилната кошаркарски лига во светот – НБА, а американскиот бренд за мексиканска храна Chipotle се реши да воведе една дополнителна натпреварувачка возбуда за фановите.
Додека екипите на Феникс и Милвоки ќе се борат за шампионскиот прстен, гледачите пред малите екрани ќе имаат можност да се борат за бесплатни бурита од Chipotle во вредност од 1 милион долари, сокриени во нивните реклами.
Имено, брендот за време на натпреварите ќе емитува реклами кои ќе содржат скриен збор, а првите 10,000 луѓе што тој збор ќе го забележат и испратат преку смс-порака на бројот 888-222 ќе добијат бесплатни бурита.
Кампањата ќе трае во текот на целата финална серија, а со секој следен натпревар ќе расте бројот на бесплатни бурита и бројот на луѓе кои нив ќе можат да ги „освојат“, и тоа за дополнителни 10,000!
„Заедно со силните играчки соочувања, приказните надвор од теренот и интеракциите на фановите, нашио скриен код ќе создаде ‘игра во игра’ и ќе го подигне гледачкото искуство за нашите фанови,“ истакна Крис Брант, генерален маркетинг директор на Chipotle.