Компанијата Cadbery, еден од најголемите прозводители на чоколадни производи во светот, како дел од својата кампања во Австралија по повод Светскиот ден на чоколадото (7 јули), во Мелбурн го претстави првиот чоколаден 3D принтер во светот.
Посетителите на стоковната куќа Myer Chadstone во Мелбурн ја имаат можноста да изберат помеѓу голем број на различни форми, букви и препознатливи австралиски симболи, како кенгури и сандали-апостолки, и да ги видат во чоколадна форма со помош на тродимензионалниот принтер.
Цената за пар тродимензионално испринтани чоколади изнесува 8 австралиски долари, односно околу 300 денари. Машината била специјално доставена од Обединетото Кралство, а ќе остане во Австралија до 28 јули.