Решивме малце да се позанимаваме со истражување на преференциите на македонските Фејсбук корисници и да откриеме кои се ФБ страниците кои имаат најголема база од македонски фанови, да откриеме кој е „најлајкуван“ македонски компаниски бренд, спортски клуб и музичка зведа.
Во однос на тоа која е севкупно „најлајкната“ Фејсбук страна од македонските ФБ корисници, на првото место откривме дека стои ФБ страната на едно време (веројатно и сеуште) многу популарната игра Texas HoldEm Poker која има повеќе од 514 илјади македонски фанови.
На второто место, со најголема база на македонски ФБ корисници се наоѓа ФБ страната на порталот Motika.com.mk која ја следат повеќе од 211 илјади македонски ФБ корисници, додека на третото место се наоѓа Вип оператор со над 186 илјади фанови.
Според податоците достапни на Social Bakers сервисот за истражувања и статистики поврзани со социјалните мрежи, во однос на ранкингот по број на фанови на македонските компании и брендови, редоследот е следен:
Од табелата погоре се забележува дека Вип оператор е и компанијата со најголем број на македонски фанови на социјалната мрежа Фејсбук, а во топ 5 влегуваат уште и T-mobile, Becutan, Dormeo и One со што може да се заклучи дека македонските ФБ корисници најмногу од сите македонски компании ги следат телекомуникациските оператори.
Спортски бренд со најмногу македонски ФБ фанови е РК Металург со над 64 илјади локални фанови, следен од LA Lakers кој го следат над 58 илјади македонски „езерџии“ и ФК Вардар кој го „лајкнале“ над 50 илјади македонски ФБ корисници.
Во однос на популарните личности, најголема македонска база на ФБ фанови има Даниел Кајмаковски, а после него следуваат Емина Јахович, Жељко Јоксимович и Ким Кардашијан.
Информациите изнесени во овој текст се врз основа на податоците кои се наоѓаат на Social Bakers – сервисот за истражувања и статистики поврзани со социјалните мрежи, што незначи дека се апсолутно вистинити и дека во обзир ги зеле сите можни ФБ страни каде има македонски фанови :)