(РЕГИОН) – Во селекција од 293 номинации од 34 земји, Čipi čips Country линијата ја понесе ласкавата титула The WorldStar Awards за извонредност во дизајнот на пакувањето и така стана единствен хрватски национален победниик оваа година. Во Хрватска ова пакување е веќе наградено со наградата Cropack во 2015 година за најдобар дизајн во целина и The WorldStar наградата е круна на досегашните признанија. Се работи за натпреварување на кое можат да учествуваат само оние брендови кои веќе освоиле некоја од националните или регионални награди за амбалажа, а кои се воедно и дел од Светската организација за пакување World Packaging Organisation,WPO.
За жал, освем Хрватска, оваа година ниту една друга земја од регионот (Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија) не се најде на победничкиот подиум во ниту една категорија.
„Амбалажата на нашите производи носи приказна, пренесува порака и е исклучително важна комуникациска алатка, бидејќи воспоставува прв контакт со потрошувачите. На осмислувањето, развојот и продукцијата на амбалажата им посветуваме многу внимание, секогаш настојувајќи да дадеме повеќе и преку дизајнот и иновациите да бидеме и чекор пред очекувањата на пазарот. После освојувањето на националните награди, признанието WPO и освојувањето на оваа престижна награда, навистина е голема пофалба за вложениот труд и мотивација за понатамошна работа и развој“ изјави Dino Bijač, директор за маркетинг и развој на Adria Snack Company d.o.o.
Čipi čips Country е претставен во 2013 година, а го карактеризира домаќински дизајн , визуелно впечатлив и богат со детали со земјоделец на поле, нагласувајќи го така домашното потекло и врвната сорта на компири од кои е направен. Сите визуелни елементи на амбалажата се рачно нацртани и довршени со фина техника на печатење на бакар со што се доловува традицијата и старомодната припрема на чипсот. Амбалажата е дело на заедничката работа на Adria Snack Company и хрватската креативна агенција Portfolio by Studio Grozić.
Čipi Čips Country е достапен во три вкусови: солен, со сланина и чадено сирење, и прилагоден за потрошувачите и нивните желби.
Наградата WorldStar WPO се доделува од 1970 година, а како што истакнуваат организаторите, особено внимание се полага на амбалажата која докажува иновативност, естетски изглед, еколошка прифатливост, едноставност за производство, практичност и значење на глобално ниво. Оваа година вкупно се доделени 194 награди во 10 категории: пијалоци, електроника, храна, здравје и убавина, домување, луксузни производи, фармацевтски и медицински производи, продолжена полица, транпортна амбалажа и друго.