(РЕГИОН) – Креативната агенција “Popular Bruketa&Žinić OM“ од Србија, ја осмисли и ја реализираше новата комуникациска платформа за брендот Hello! на компанијата Fruvita.
“После повеќегодишните распеани кампањи и повикување на поими како што се : насмевка, освежување и други општи работи, одлучивме во потполност да ги промениме работите. Овојпат се решивме да ставиме фокус на богатството на вкусот и шареноликоста на боите кои ги поседуваат Hello! соковите, и тоа да го искомуницираме на друг, позабавен начин“, изјави Сандра Топаловиќ, Account Manager во агенцијата Popular Bruketa&Žinić OM.
Официјално, новата кампања е стартувана на крајот на 2014 година со една тизер фаза во оквир на која на публиката и беа претставени новиот слоган и маскота на брендот. “Се определивме за слоганот “Чиста Егзотика“ бидејќи во само два збора го доловува искуството кое го овозможуваат Hello! соковите. Потврдата дека сме на добар пат ја добивме од “Paje” експертот за егзотика, кој на наша молба долета од тропските краеви и прифати да биде заштитно лице на брендот Hello! “, додаде Топаловиќ.
Извор: Маркетинг Мрежа