Јубилејното 60-то издание на Clio Awards е отворено за пријави
Едни од најпознатите награди во светот на креативните индустрии, кои ги препознаваат иновативноста и креативната извонредност во рекламирањето, дизајнот и комуникацијата, Clio Awards оваа година ја слават својата 60-годишнина.
Шест децении, овие награди се сведоци на најпрепознатливите кампањи и најкреативни умови во огласувањето, а за оваа јубилејна пригода, организаторите најавуваат нешто посебно.
Пријавите за наградите се веќе отворени, а Clio Awards исто така објавија и соодветна видео реклама која ги повикува креаторите да го заземат своето место во историјата на рекламирањето.
Заинтересираните можат да го преземат и пакет за пријавување кој ќе им помогне да се подготват за пријавите на наградите. Краен рок за аплицирање е 19 април 2019 година.