Home » Во фокусот » Clio Awards ги повикува креативците за го заземат своето место во историјата на огласувањето

Clio Awards ги повикува креативците за го заземат своето место во историјата на огласувањето

Јубилејното 60-то издание на Clio Awards е отворено за пријави

Едни од најпознатите награди во светот на креативните индустрии, кои ги препознаваат иновативноста и креативната извонредност во рекламирањето, дизајнот и комуникацијата, Clio Awards оваа година ја слават својата 60-годишнина.

Шест децении, овие награди се сведоци на најпрепознатливите кампањи и најкреативни умови во огласувањето, а за оваа јубилејна пригода, организаторите најавуваат нешто посебно.

Пријавите за наградите се веќе отворени, а Clio Awards исто така објавија и соодветна видео реклама која ги повикува креаторите да го заземат своето место во историјата на рекламирањето.

Заинтересираните можат да го преземат и пакет за пријавување кој ќе им помогне да се подготват за пријавите на наградите. Краен рок за аплицирање е 19 април 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365