Во меморандум испратен до вработените на компанијата, најавениот нов генерален извршен директор на CNN, Крис Лихт, им посочил да намалат со употребата на банерот “Breaking News” (“Ударни вести”). Како причина се наведуваат поплаки од внатре и надвор од компанијата, велејќи дека неговото значење „се изгубило кај публиката“.
Оригинално пренесен од The New York Times, меморандумот од Лихт ја нагласува мисијата на телевизијата како „раскажувачи на вистината“. Во ера на бескреан сензанционализам, тој сака враќање назад кон „корените“ на „информирање, а не алармирање“ на гледачите.
Според Axios, меморандумот е во согласност со плановите на новиот менаџмент на компанијата, кој доаѓа по спојувањето на Discovery+ и Warner Media – матичната компанија на CNN. Новиот менаџмент како приоритет си поставил намалување на партиското фаворизирање во вестите и враќање кон традиционалното новинарство.
Со цел да се постигне тоа, тие веќе му дале задача на уредникот Сем Фист да ги промени упатствата за употреба на банерот “Breaking News” во презентацијата на вестите.
Како што сумирал Кирс Лихт во испратениот меморандум, целодневниот новински канал мора да остане „витален, релевантен и почитуван“, а начинот на кој повторно ќе се поврзе со гледачите е можеби да престане со „пренапумпување“ на сé она што ќе се појави на екранот.