(19.08.2020) – Следната сезона на аглиската фудбалска Премиер Лига е закажана да започне на 12 септември, а брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola веќе ја лансираше својата нова премиерлигашка кампања. Со таа цел, Coca-Cola ги ангажираше фудбалските ѕвезди Хери Кејн, Маркус Рашфорд, Алекс Окслејд-Чемберлејн, Алекс Скот и Џеремејн Џенас.
Новата кампања ги охрабрува фановите да уживаат во фудбалот од удобноста на своите домови, со ооглед на тоа што натпреварите и следната сезона ќе продолжат да се играат зад затворените врати на стадионите.
Првите три реклами од кампањата претставуваат кратки видеа од 20 секунди. Спотовите отпочнуваат со кадар во кој фановите се во исчекување на почетокот од некој фудбалски натпревари, по што камерата преминува на поширок кадар и ги прикажува играчите во припрема токму во домот на фановите. Од Coca-Cola најавуваат и нови реклами во текот на сезоната.
Кампањата е дело на агенциите M&C Saatchi и M&C Saatchi Sport and Entertainment, а покрај рекламите ќе вклучува радио, out-of-home и дигитални активности. Продукцијата е дело на Electric Robin, а медиа закупот е задача на MediaCom. Кампањата е остварена во партнерство со телевизијата Sky.