Кока Кола го обедини дизајнот на пакувањето на својата Zero Sugar верзија со оригиналната Coca-Cola во Велика Британија, во обид да поттикне што повеќе луѓе да ја испробаат поздравата варијанта.
Црната амбалажа на Zero Sugar ќе биде заменета со препознатливата црвена боја на оригиналниот бренд, на тој начин, повикувајќи повеќе потрошувачи да ги променат своите навики.
Кока-кола ја промовира оваа одлука со телевизиска кампања од 5 милиони фунти наречена One Way or Another и дистрибуција на седум милиони лименки како дел од кампањата.
Секоја верзија сега ќе се разликува во различни капачиња за да не дојде до забуна меѓу потрошувачите.