Како што се наближува финалето на Светското фудбалско првенство за жени, брендот за безалкохолни пијалаци Кока-Кола реализираше кампања која има за цел да го акцентира напредокот постигнат во женскиот фудбал.
На неколку фудбалски терени во земјите-домаќини на турнирот, Австралија и Нов Зеланд, Кока-Кола најпрвин испиша некои вообичаени заблуди поврзани со женскиот фудбал кои можат да се најдат онлајн, а потоа ги спротивстави со моќната и позитивна реалност на денешната игра.
Испишаните пораки го слават зголеменото учество на жените во фудбалската игра ширум светот, издигнувањето на позитивни лични модели што ги инспирираат младите девојки да се вклучат во спортот, како и рекордниот број на гледачи што Светското првенство го постигна оваа година.
Кампањата исто така вклучува и видео кое ја објаснува технологијата со чија помош биле создадените пораките на фудбалските терени – со благ воздушен притисок, ливчињата трева се свиткуваат за да се создаде ефект на сенка што трае до 48 часа, без притоа да се предизвикаат никакви оштетувања на тревникот.
„Кока-Кола го поддржува Светското првенство за жени на ФИФА од инаугуративниот турнир во 1991 година и навистина сме горди што го прославуваме успехот на овогодинешниот турнир, кој не само што руши рекорди, туку и ги урива долготрајните погрешни верувања во општеството за жените во спортот. Нашата последна кампања ги оспорува многуте заблуди околу женскиот спорт и ја покажува новата позитивна реалност и ги слави професионалните спортисти кои нѐ инспирираат сите нас“ – вели Кејт Милер, маркетинг директорка на Кока-Кола во Австралија.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата Ogilvy PR од Австралија.