Кока Кола и Гугл се здружија за да покажат дека она што го споделуваме за Божиќ е посилно од она што нè разединува остатокот од годината
Кампањата, „Година за споделување“ беше дизајнирана да открие како трендовите кои не` разединуваат низ целата година ги оставаме зад себе за време на сезоната на празници, која нè зближува околу Божиќниот дух.
Како дел од својата Божиќна кампања, Кока Кола ги поканува луѓето да ги остават настрана нивните разлики и да се соберат околу Божиќната трпеза за да прослават уникатни моменти, како начин за надминување на тензиите што ги разделуваат семејствата и земјите ширум светот.
За таа цел, Кока Кола лансираше нова дигитална алатка и видео поддржано од Google Trends технологијата и пребарувањата на Гугл во 2019 година направени низ целиот свет.
Иако во текот на целата година пребарувавме теми што би можеле да не разединат, како што се „геј бракови“, „младински протести против климатските промени“ или „пожар во Нотр Дам“, за Божиќ, пребарувањата покажуваат дека сите се собираме околу вообичаени теми: „Како да направи изненадувачки подарок“, „Како да се направи најдобриот костум за Дедо Мраз“, „Традиционални рецепти“, „Како да се зготви за 32 лица“, „Како да се направи светлечко Божиќно шоу“.
Преку кампањата, корисниците ќе имаат пристап до специјална верзија на таблата со Google Trends за Coca-Cola, бесплатната алатка која им овозможува на луѓето да ги пронајдат трендовите во пребарувањето околу најпопуларните теми.