Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola ја објави својата нова Божиќна реклама насловена “The Holidays Always Find a Way” („Празниците секогаш наоѓаат начин“).
Рекламата отпочнува со сцена во која гледаме еден човек сам во неговата кујна. Тој фрла прашлива стара книга со рецепти на масата и ги гледа упатствата за правење пита – напишани во скоро нечитлив курзивен ракопис, по што на неговото лице се јавува збунет изглед и загриженост. Потоа пие голтка Кока-Кола и одеднаш магично се појавува една постара жена – неговата мајка, која покажува кон нејзиниот зглоб, укажувајќи дека времето полека тече.
Тој тргнува во акција, ги меша состојките, па од рерната извлекува пита со прилично добар изглед – токму на време пред да дојдат гостите. Човекот гледа кон питата со гордост, а потоа кон споменот на неговата мајка со наклонетост.
Рекламата претставува продолжение на кампањата “Real Magic” („Вистинска магија“), за која компанијата вели дека ја опишува „филозофија на брендот“ – нагласувајќи ја длабочината што може да се извлече од навидум обичните секојдневни моменти.