За прв пат после пет години, брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola ланираше нова глобална бренд платформа, овој пат насловена како “Real Magic” („Вистинска магија“).
Идејата на кампањата е „секој да ја прославува вистинската магија на човештвото“. Инспирацијата доаѓа од тешкотиите и предизвиците со кои се соочува светот во изминатите 18 месеци, при што од Coca-Cola ја испраќаат пораката дека „можеме да најдеме магија насекаде околу нас кога ќе се здружиме во неочекувани моменти кои секојдневното го издигнуваат во нешто извонредно“.
„Coca-Cola е бренд дефиниран од дихотомии: скромна, но иконична, автентична, но сепак тајна, вистинска, но волшебна“, посочува Маноло Аројо, генерален маркетинг директор на Coca-Cola, додавајќи дека: „Филозофија на “Real Magic” е вкоренета во верувањето дека дихотомиите можат да го направат светот поинтересно место – свет на извонредни луѓе, неочекувани можности и прекрасни моменти. Во исто време, ја доловува суштината на самата Кока-Кола: вистински вкус што е неопислив, уникатен, допир на вистинска магија “.
Според компанијата, “Real Magic” не е само слоган или еднократна кампања, туку долгорочна филозофија и убедување на брендот што ќе ги движи и води маркетингот и комуникациите на Coca-Cola.
Платформата “Real Magic” беше отпочната со кампањата “One Coke Away From Each Other”, во која реалниот и виртуелниот свет магично се спојуаат. Во централниот спот гледаме гејмери кои се борат во виртуелниот свет на некоја фантастична видео-игра, но откако еден од играчите ќе се напие Coca-Cola, карактерите во самата игра автономно почнуваат да го спуштаат своето оружје и да се помируваат едни со други.
Првата реклама е создадена со помош на креативната агенција BETC London.