Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola соопшти во чест на новата сезона од популарната играна серија Stranger Things во продажба ќе пушти лимитирана серија од пијалокот „New Coke.“
Се работи за верзија на Coca-Cola лансирана во летото 1985 година, истата година кога се случува дејствието во Stranger Things, но набрзо беше повлечена откако доживеа неуспех на пазарот. Старо-новата Coca-Cola ќе се најде и неколку пати во самата серија.
Everyone: I don’t think Stranger Things can get any more 80’s.
Stranger Things: Hold my New Coke… #StrangerThings3 #Enjoy pic.twitter.com/xnCGY1dkrQ— Coca-Cola (@CocaCola) May 21, 2019
„Партнерството со Coca-Cola, еден од најпрепознатливите брендови во светот, ќе ни помогне да допреме до уште поголема публика на еден длабоко автентичен начин,“ истакна Бери Смит, глобален директор за маркетинг партнерства во Netflix, продукцијата која стои позади серијата.
Покрај промотивната ретро-едиција на „New Coke“, Coca-Cola ќе лансира и лимитирани едиции на лименки со логото на серијата, како и лименки со цртеж од „превртениот свет“ во Stranger Things.