Ова е уште еден чекор на компанијата кон проширување на својата понуда надвор од газираните пијалоци
Кока Кола одлучи да купи малцински удел во компанијата Bodyarmor, производител на спортски пијалаци помеѓу чии инвеститори е и поранешната кошаркарска ѕвезда Коби Брајант. Ова е уште еден чекор на компанијата да ја прошири својата понуда надвор од газираните пијалоци.
На тој начин Кока Кола ќе стане втор најголем акционер во Bodyаmror, после коосновачот и претседател Мајк Репол, се наведува во соопштението на компанијата. Финансиските детали на договорот, кој би можел да дозволи Кока Кола да ја преземе контролата над брендот Bodyarmor, не се откриени.
Брајант ја презеде водечката улога во креирањето рекламите за Bodyarmor, вклучувајќи ја и кампањата која директно е насочена на Gatorade, во сопственост на компанијата PepsiCo.
Bodyarmor, чии пијалоци содржат кокосова вода, витамини и калиум, “ќе се покажат како силна понуда во нашиот систем заедно со нашето веќе моќно хидрационо портфолио“, изјави Џим Динкинс, претседател на Кока Кола за Северна Америка. .
Оваа инвестиција доаѓа во време на значителни промени во бизнисот на безалкохолни пијалаци, поради општ пад на потрошувачката. Извршниот директор на PepsiCo, Индра Нуи, ќе ја напушти оваа позиција во октомври, откако помина 12 години на чело на компанијата, поради стагнацијата на оваа компанија во северноамериканскиот пазар.
Кока Кола минатиот месец објави извештај за продажбата и профитот, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, благодарение на ребрендирањето на брендот Diet Coke и добрите резултати на Coca-Cola Zero Sugar.
Најновата инвестиција ќе им му овозможи на брендот Bodyarmor пристап до широкиот систем за полнење на Кока Кола. Брајант стана акционер во овој бренд во 2013 година.
Извор: Bloomberg News