Овие денови Кока Кола одбележува 100 години откако нивните акции за прв пат се појавија на берза
Акциите на Кока Кола за прв пат се појавија на јавна понуда во 1919 година, откако Аса Кандлер ја продаде компанијата на Ернест Вудруф и неговите деловни партнери.
За да соберат средства за раст на компанијата, тие понудија 500.000 акции на јавноста по цена од 40 долари. Во 1919 година, Кока Кола се продаваше на само шест пазари надвор од континанталниот дела на САД. Денес е присутна во повеќе од 200 земји.
Кока Кола беше единствениот производ на компанијата Кока Кола со децении, но со текот на времето нејзиниот опсег се прошири и вклучува повеќе од 500 различни производи- кафе, спортски пијалоци, сокови, чај и други производи.
Во исто време кога копмаијата растеше, растеше и нејзината вредност. Почетната цена на акцијата од 40 долари со реинвестирана дивиденда, денес би вредела повеќе од 18 милиони долари или 450.000 пати повеќе од првичната вредност.