Во текот на изминатата година бевме сведоци на повеќе необични вкусови кои Coca-Cola ги претстави пред публиката – со вкус на вселената, на пикселите, на соновите и на диск-џокеите. Овој пат, брендот ја запали временската машина и отиде во иднината до 3000 година за најновото дополнување на колекцијата Creations.
Со цел да дојде до посакуваниот вкус на „3000 година од нашата ера“, Coca-Cola ја ангажираше вештачката интелигенција и генеративната технологија. Им даде задача на овие софтверски модели да замислат каков вкус ќе има иднината. Во таа насока, вештачката интелигенција работела заедно со човечки тим и група љубители на брендот за да сфати „како фановите ја замислуваат иднината преку емоции, аспирации, бои, вкусови и многу повеќе“.
Како и со остатокот од колекцијата Creations на Coca-Cola, пакувањето е дизајнирано да го одразува соодветниот неконвенционален вкус. Овој пат се работи за необична мешавина од виолетова, розова и сина боја, со малку заматен логотип што додава дополнителен слој на мистичност. За повеќе забава, QR-кодот на пакувањето овозможува увид во замислената иднина – 977 години од сега.
„Се надеваме дека Coca-Cola сè уште ќе биде релевантна и освежувачка во 3000 година како што е денес, па затоа се предизвикавме да го истражиме концептот за тоа каков би можел да биде вкусот на Coca-Cola во иднината – и какви искуства Coca-Cola од иднината може да отклучи? Бренд-платформата „Вистинска магија“ ги слави неочекуваните врски што го прават обичното необично, така што намерно ги споивме човечката интелигенција и вештачката интелигенција за возбудлив израз на она што Coca-Cola верува дека утре ќе го донесе“ – објаснува Оана Влад, виша директорка за глобална стратегија во The Coca-Cola Company.
Фановите во САД, Канада и Мексико ќе можат да го купат оригиналниот рецепт и варијантата со нула шеќер, додека пак оние во Европа, Африка и Кина ќе имаат достапност само до втората опција.
View this post on Instagram