Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola, кој впрочем е еден од главните спонзори на Светското првенство во фудбал, создаде специјални комеморативни лименки за аргентинскиот пазар во чест на освоената светска круна на аргентинската репрезентација.
Лименките доаѓаат во блескава златна боја, врз чија површина е изведена силуетата на златниот тројфеј кој им се доделува на светските прваци, заедно со натписот: “FIFA World Cup 2020 Champions 18/12/2022”.
Според Клаудија Пак од Coca-Cola, тие го создале „трофејот за луѓето, предмет на желба што само шампионите можат да го држат“. Овој „трофеј“ нема само да ја гаси жедта на луѓето, туку ќе служи и како колекционерски предмет исполнет со спомени од времето „кога верувањето во магија стана реалност“.
Лименките ќе бидат достапни исклучиво на аргентинскиот пазар, и тоа во све верзии – исполнети со класичната Coca-Cola или варијантата без шеќер Coca-Cola Zero.