Компанијата за безалкохолни пијалаци Coca-Cola ја објави својата нова реклама насловена “New Guy” („Новајлијата“), во која за прв пат во својата 130-годишна историја пласира повеќе брендови од својата палета на производи.
Во рекламата гледаме човек кој за прв пат го запознава семејството на неговата девојка, и тоа на поширок собир по повод некој спортски натпревар. Според компанијата, рекламата ја слави „магијата и хаосот“ на семејните собири.
Разноликоста на поширокото семејство и пријателите е дополнително илустрирана преку присуството на разнолика палета пијалаци од брендовите Coca-Cola, Sprite, Fanta, Smart Water и Honest Kids.
Режисер на рекламата е Кристофер Сторер, познат како креатор на телевизиската серија “The Bear” што се емитува на стриминг платформата Hulu.