Американскиот производител на газирани пијалоци Кока Кола најави дека ќе започне да користи шишиња изработени од целосно рециклирана пластика на најголемиот пазар, САД.
Во декември минатата година, активистите ја критикуваа Кока Кола како еден од најголемите загадувачи со пластика во светот.
Соодветно на тоа, Кока Кола се обврза до 2030 година за секое шише или лименка кои ги продава, да собере и рециклира иста количина празна амбалажа од пазарот и да ја користи онаа што содржи 50% рециклиран материјал.
Исто така, компанијата прави напори за да може до 2025 година да рециклира 100 проценти од примарното пакување што го пласира на глобално ниво.
Овој месец, Кока Кола ќе започне да го продава своите познати пијалоци во нови рециклирани шишиња во Флорида и Калифорнија, меѓу кои се Coca-Cola, Diet Coke, Coke Zero Sugar и Coca-Cola Flavors од 400 мл, а од на пролет и во Тексас.
Со преминување на шишиња направени од целосно рециклирана пластика, компанијата сака да се вклучи во глобалната борба против пластичниот отпад и да го намали својот удел во загадувањето со јаглерод диоксид.
Со оваа иницијатива, Кока Кола би ја намалила употребата на нерециклирана пластика за 20 проценти во Северна Америка во споредба со 2018 година.
„Ја прифативме оваа единствена можност и јасна одговорност да помогнеме во борбата против глобалното загадување со пластика“, рече Алпа Сутарија, потпретседател на компанијата за Северна Америка.